ВО
ДОМОТ НА ЕДНА ПТИЦА
Чиниш
животот си игра,
па дава тага и болка,
солза и радост.
Прекривки разни, убави
во бои
животот носи во сечии
очи.
Ставил одмор, и малку
почин
во ноќта тиха и сон во
сите очи.
Во сонот пламен гори,
сонот во перница згасна,
остави за денот слика
јасна.
Денот растура убавина и
тајна,
цветови во градина сјајна.
Ги собра сите сонови во
дланка
ги
стави на зелена гранка.
Во
домот на една птица ,
птица
која во облаци сама лета.
Животот
е вистина света,
а
чиниш е сон кои лета.
Соња
Таировска Ѓурчак
06.
05. 2017 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar