ГЛАС ОД ЗЕМЈАТА МОЈА
Врисок, од земјата моја,
брат од брата сршта ја глода,
секој сака парче земја да дели
колку има невери и беди.
Од векови корени во себе влечи,
рани болни, уште лечи.
Младост во тебе кука,
душа во гради полни љубов пука.
Во тебе светлината се раѓа
денот во радост, на гради паѓа.
Со молитва иднина градиш,
и со љубов се садиш.
Глас од земјата моја се реди
од векови цели,
сака секој да те дели,
за мртвите почит нема,
од живите семето се зема.
Во вистина гледаш
како денови од дрво лисја капат
а светот, сака гора да мени,
буква и книга да смени.
Едно утро, радост ќе те буди
и светот љубов ќе ти нуди,
пред вистина твоја ќе стои
за опроштај ќе моли.
Молитвата твоја лек ќе биди
тогаш светот во вистината
вистината ќе ја види.
Биди сега, уште стрплива и горда
ти си љубов света полна,
земја родена во рајот
затебе не постои крајот.
Вераата твоја е многу силна
и душата твоја милна.
А,што ли уште треба ?
Соња Таировска Ѓурчак
15. 05. 2017 Улм
15. 05. 2017 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar