ponedjeljak, 1. svibnja 2017.

ВО ЛИВАДАТА ОСТАНА ТИШИНАТА

ВО ЛИВАДАТА ОСТАНА ТИШИНАТА


Ме буди светлината,
што ја испраќа мајками
од небото, која тагува
по сите изгубени птици
во летот на пролета.
Ме буди закопаното златото,
од дедовците што го закопаа
под горноцата во ридот,
војните го изминаа
а во ливадата остана тишината.
Ме буди и радоста
која чека на преминот
на границата,а во темнината
некој ги гаси звездите.
Будно го гледам сонот
на славата која го вее знамето
на победата, пред плоштадот
каде вистината е будна.

Соња Таировска Ѓурчак
01. 05. 2017 Улм



Nema komentara:

Objavi komentar