četvrtak, 6. travnja 2017.

ВО ПРОСТОРОТ НА ВЕРАТА


ВО ПРОСТОРОТ НА ВЕРАТА

Љубовта твоја е голема,
Ти си творец,
на небото и земјата,
на светлината и вистината,
на радоста и добрината,
на душата моја.
Јас сум твоето мало дете,
кое незнаеќи уште си игра со кал,
ги оформувам куклите,
на кој Ти Господе,
творец им даваш душа.
Додека капките крв,
капат по лицето твоје
ти испраќаш порака радост за мене.
Те извишувам, највисоко внатре во мене
твојата големина, е вечна гордост,
во секојдневните чуства мои,
во твоето мало дете.
Во просторот и прегратката твоја
тука е моето топло гнездо,
тука сум најсигурна.
Сега, кога воскресна
ја спаси душата моја,
ги пробуди заспаните деца
од постелата на неверството.
Го славам твоето големо име,
и Ти благодарам Господи.

Соња Таировска Ѓурчак
06. 04. 2017 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar