nedjelja, 2. travnja 2017.

КАДЕ ПАТУВА ДЕНОТ

КАДЕ ПАТУВА ДЕНОТ

Денот патува, по патот,
распослан по небото,
во просторот на брзините
по автопатските патеки.
Патува во времето
кое влегува во измереното
време на просторот.
Таму, пак останува овде.
Некогаш и некаде е сега
сега и овде е мислата на денот
која патува и пишува
во приказната на денот.
Денот патува и пишува
писмо, полно нов живот.
Денот патува, во,
верата и законот на денот.
Патува но поново се враќа
таму,каде го започнува својот
вистински пат.
И кога земјата се треси
денот патува каде нема крај.

Соња Таировска Ѓурчак
02. 04. 2017 Улм


Nema komentara:

Objavi komentar