petak, 21. travnja 2017.

ВИ БЛАГОДАРАМ

ВИ БЛАГОДАРАМ

Ви благодарам,за овде и сега,додека во светот се сее сила и страв поетот слободно пишува.
Ги собира и реди зборовите во книгата на денот, а убаевината на денот ја делиме сега заедно.
Ви благодарам со почит и љубов,љубовта е збор,јазик со кој се разбираме,и голема добра воља со почит кон блиските и сите со кој ја делиме оваа голема радост,да се подели радоста треба најпрво да се сака а таа е одговор на љубовта.
Овде сега останува верата која се протега по должината на нејзиното постоење и останува тука во земјата на љубовта.
Сонот кој се сонува во домот на туѓината ја чува само  љубовта, која будно сонува  во перницата на срцето, ја пишува  книгата по светлината на страниците а останува да живее во домот на книгата,во книгата која се нарекува живот.
Ви благодарам.


ГЛАС НА ВРЕМЕТО



Те слушам
во тишината на времето
и во ритам на срцето.
На бел лист
ја испишувам светлината.
Те оставив на чување
на чување во молк на времето
само звездите ја следат
тишината,која ме враќа во
гласот на времето.



Nema komentara:

Objavi komentar