ПУСТИНАТА ОСТАНА
БЕЗ ПРАШИНА
Во домот на
пустината,
минат сите
ветрови.
Палат, огнови
по лицето на
времето,
кое живее, во
градовите на земјата,
а остава пустош.
Во чевлите боцка
песок
од раните течи
крв,
и ја напојува
пустината
која остана без
прашина.
Небото го крие
времето
од немирот,сега.
Далечината
прегрната
во прегратките
на морето,
ја чува солзата
од денот.
Морските бисери
ги отвараат
вратите будеќи
ги сите имиња
запишани во
пустината.
Во тишината на
денот се слуша
само, молитвата
која го бара
мирот во просторот,
а,пустината
остана без прашина.
Соња Таировска
Ѓурчак
15. 04. 2017 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar