utorak, 18. travnja 2017.

ЗБОРОТ Е СИМБОЛ


ЗБОРОТ Е СИМБОЛ

Зборот е сибол на човековата душа, од самото доаѓање на овој свет човекот почнува да учи да зборува.
Зборот е животно богаство,со зборот се искажува човекот во сите дејности и на сите полиња за своето сопствено постоење и за комуникација со сите други кој го опкружуваат и со сите народи.Зборот не опкружува со неговата раскош,неговото богатство, кое кружи како недопирлива среќа пред нашите очи, можеби е и несватливо зато што ни сами не му даваме големо значење,мислеќи дека е така како што е и треба така да биди.Вистината се крие многу подалеку на овој голем симбол кој без него ја губиме тежината на животот.
Запознаваќи е основата од ова средство се збогатуваме и со духовната мисла,кој внатрешно ја гледа вистината и моќта на зборот.
Со дофат на раката го пишуваме овој симбол „зборот„во се можно,а секако и во голема благодарност од некоја многу голема сила што сето ова го направила за нас луѓето можно.
Оваа можност ги отвори портите на овие песни да влезат во запис во уметничкиот имот,во другата страна на љубовта каде нема место за ништо друго,а на белите страници пишува за радост среќа љубов и мир во целиот свет.

Соња Таировска Ѓурчак 
18. 04. 2017 Улм  

Nema komentara:

Objavi komentar