nedjelja, 19. veljače 2017.

АФОРИЅМИ

*****

Додека изгрева утрото,сенките изчезнуваат,светлината се раѓа......


 *****

Семето посеано од блага пиперка или лута змјата им дава иста можност на растење,истиот процес е кај народните желби,замислената желба е секоја остварлива,дали е добра или е лоша природата ја присвојува како вистинска и и дава можност на остварување,.....

*****

Зборот излегува од длабочините на убавините,кој се раѓа со утрото, зборот на денот го изговара  јасно и гласно зборот  ,,денот е љубов ,,.....

*****

Чекори по мостот,кој ја поврзува среќата ,со твоите желби.

*****

 Раната ќе зарасни,а болката останува за секогаш.....

Nema komentara:

Objavi komentar