НЕ МЕ ОСУДУВАЈ
ВРЕМЕ
Таму далеку ангели пеат,
а соност заспива
на рамена туѓи.
Гнезда празни,
во домот свети
а животот нешто
вети......
Како дива зверка
разбегана
звезди бројаници
на небо брои,
тага во душа
мајчина уште стои.
Копнеж, кој сакам
да го допрам,
се губи пред
ветрот кои дува
на осамена
мермерна плоча сува.
Зборови богати
и сјајни со солзи,
по должината на
времето,
напуштени,
и изгубени под
небото сино.
Не ме осудувај
време,
разберија милоста
слушни го плачот,
измерија
вистината,
од јазикот, купен
со туѓи пари.
Соња Таировска
Ѓурчак
01. 02. 2017 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar