nedjelja, 12. veljače 2017.

КНИГАТА НА ДЕНОТ

КНИГАТА НА ДЕНОТ

Се буди во мугрите рани
од постела мека,
низ времиња од века,
и пишува за денот нов.
Со километри денот е долг,
седум бои виножито брои.
Со молитва,мотика и молив
пишува страница нова,
тука за мене,тука со мене.
Книгата ја пишува светлината на денот,
а, темнината бега,
под светлината на моливот сега.
Празна страница нема.
Книгата е полна,
како кошничката на ЦРВЕНКАПА полна
за нејзината Баба болна.
Книгата на денот е полна
во прозирна мрежа,
но сепак уште бара,
збор нов кој се губи и се враќа
кој те мами и те моли
на страница бела сака да живее сега.
Секогаш сака слободно да кажи
зборот жедно мислата ја пие и кога спие.
Книгата постои,
а денот пишува и кога зборови нема.
Скриена во длабочините на поетот,
во песната на денот,во нотите на текстот,
чекори во животот на поезијата.
Книгата на денот пишува,
по белите страници на денот.

Соња Таировска Ѓурчак
12. 02. 2017 Улм



Nema komentara:

Objavi komentar