ЗБОРОТ ОСТАНУВА
Како машина за
шиење
ја шие перницата
на сонот,
а, сонот,постана
само филм
на еден режисер,
кој ги собира сликите
кој летат како
пердуви по патеката
која калдрма
нема.
Сонот зборува
а денот молчи
плачеќи по она
што заминало
во времето на
сеќавање во еден миг.
Зборот останува
наслество,
во градината,
цветаат цветови
кој оставаат
лузни на рани и радост.
Зборот,камен
гради дом,
зборот е дом,
топлината на времето
која патува во
светот,кој кружи,
како децка
приказна.
Тишината на
времето ја ослободува
верата од стравот,
која расте и цвета
како црвени
лалина, по полето
под планините
на радоста.
Зборот се цеди
на платното
белено по долините
на изворите
останува запишан
на лицето на земјата.
Ова тло е дел од
времето
кое патува а
сепак останува тука.
Соња Таировска
Ѓурчак
19. 02. 2017 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar