četvrtak, 4. kolovoza 2016.

ЗБОРУВА ДЕНОТ


 ЗБОРУВА ДЕНОТ

Денот ги отвори портите,
и ја распосла убавината во дворовите,
истури радост!
Расцветените цветови во дворот
ги полеа со росата од денот,
истури мирис!
Птиците ги запое со убавината на нотите
истури глас!
И сега зборува денот:
За убавината на убавината.

Соња Таировска Ѓурчак
04. 08. 2016 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar