utorak, 16. kolovoza 2016.

РАДОСТ ДЕЦКА



РАДОСТ ДЕЦКА

Дотрча радост децка,
донесе насмевка мека,
по леце радот се чита,
децка насмевка ита.
Во прегратка мајчина врела,
во топла искра бела.
Патот е долг,
до децката тишина,
патот е најголемата
децка ширина.
Во прегратка лета
кон светлината света,
благослов госпот праќа
за радост вистинска децка.
Радост децка во љубов е боена
и со голема вистина е споена.
Децка мудрост се во слика гледа,
прва слика  радост децка.
Децките зборови се мед,
за сите мајки најголем се лек.

Соња Таировска Ѓурчак
16. 08. 2016 Улм



Nema komentara:

Objavi komentar