srijeda, 17. kolovoza 2016.

ЧИСТА СОЛЗА



ЧИСТА СОЛЗА

Две сили еден живот,
раздивени соништа.
Една сила,
ја пробуди тишината,
друга, свето.
Невидлива сила, отвори небо
истури вода,
животот остана празен,
ги избриша сеќавањата на домниците.
Понесе тло,
понесе дно, отври небо.
Каде сега?
Патеките го променија правецот.
Кој пат води до животот,
кован со векови овде.
Кој ќе ги мие раните
од болната почва?
Само од законот на животот,
потече чиста солза.

Соња Таировска Ѓурчак
08. 08. 2016 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar