ПРЕД ПРАГОТ
Низ осаменоста се
слуша песна
која го милува
последниот сон
пред прагот на
вечниот дом.
Болка длабоко се
крир,
во прегратките на
тишината
а одговорот е
далеку, далеку до
вистината на
вечниот дом.
Погледот се крие низ
сенките на тишината
мислите, ги
собираат зборовите
распослани по
површината на езерото.
Обалата ја
раскажува приказната на вистината
која одпатува во
вечниот дом.
Тајната од
животот,и одговорот на животот
лежад во длабочините
на езерото
наречено живот.
Соња Таировкска Ѓурчак
6. 4. 2016 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar