srijeda, 13. travnja 2016.

ПАТОТ Е ПРАЗЕН

ПАТОТ Е ПРАЗЕН Барам низ замаглени очи сјај да видам, длабоко се всадиле во Европа, раширени платна,како за белење. Насмевка нигде нема, и времето се стурило во плач, а капутот се треси како последниот лист на дабот и посига по сончевите здраци. Се кити радоста,за новото раѓање. Снежница и виулица се спуштила срцата се смрзнале пред прагот од болницата се слушаат чекори кој чекорат по поатот на празникот,а патот е празен. Соња Таировска Ѓурчак 1. 12. 2015 Улм
СВЕТИЛКА НА ДЕНОТ Пред прагот на денот стои запалена светилка. Светилка која го осветлува целиот просто, измеѓу небото и земјата, низ тишината на времето. Се раѓа светилка која се поновува низ календарот,светилка на денот. Се крие измеѓу деноноќното ветување на немирот од темнината и светлината. Црта нови слики по смрзнатите прозори а се лепат по вените на пеперутките, кој патуваат со светилката на денот. Тежат камењата на сопствениот сон лебдат капките пред прагот на денот. Само се пофторува празникот на денот, а ја крие вистината закачена по старите греди во плевната. Соња Таировска Ѓурчак 23. 12. 2015 Улм
ПРЕД ТУЃА ПОРТА Гледам прегратка во прегратка како свеќа се топи. Слушм плач на гроб... Пред туѓа порта, сон кој спие по должина на стебло даб кој лисја нема, а корени долги веќе пушти. Солза се тркала по сокаци туѓи дождот ја носи во река матна, далеку на брегот ќе застани негде нов ден ќе ја пробуди тогаш... Соња Таировска Ѓурчак 19. 12. 2015 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar