СВЕТНА ДЕНОТ
Часовникот,
чекори и ги
исполнува сите пукнатинки
на времето,
кое остави траги од
смртни казни.
Каде поминаа,
лути ветрови,
оставија пустош.
Ја излупија
кожата на земјата.
Тишината, гласно збори
сонот се буди
светна денот.
Болка,
која трае ја
милува тишината,
го допира сонот ,
будно ја гледа
вистината
и зборува со
тишината.
Раскажува за
времето
за светлината на
денот.
Со боси нози потрча
во прегратките на минатото,
и се искачи на
високата планина,
полната месечина
која лебди низ
светлината и просторот на сите војни.
Престанаа во овој
час сите војни,
светна денот,
светлината
испрати љубов.
Соња Таировска
Ѓурчак
10. 4. 2016 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar