ЕДНА СТАРИЦА
Минува по лицето
на земјата
по улиците на очите,
милува сеќавања,
дарува надеж,
ги бриши капките
од плач,
прегратки од
дожд,
по улиците
потекоја солзи ,
на земјата
прегратките останаа празни,
една старица ја
мина земјата,
а шамијата ја
остави полна љубов.
Соња Таировска
Ѓурчак
10.4. 2016 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar