ДЕНОТ СЕ БУДИ
Се буди денот,
и патува како непознат
патник
низ животот
и патува
низ животот
свртен на патот,
кон изгревот на
сонцето.
Молитвата на
денот носи глас,
што од длабочина
иди,
а се губи во
погледот
пред очите на денот.
пред очите на денот.
Ја пишува песната
која ја пее денот,
и пак се губи во
ноќта во сонот што спие.
Буден е денот,
на исток пред младиот месец,
на исток пред младиот месец,
а жедни очи
ископаја бунар,
и слепи чекори по сенката што ита.
Скитаат мисли по
сокаци туѓи.
Звонат звона а
денот уште скита.
Денот го помилува лицето и замина,
во прегратките на далечните сонови.
во прегратките на далечните сонови.
Соња Таировска
Ѓурчак
3. 4. 2016 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar