КОШНИЦА ПОЛНА
Кошница полна
погачи бели
а,птици гладни на небо.
Престава нова во
театар почна
публика, многу
нема.
А старица една од
врата гледа
на сцена,
дивеч со цвеќе
ранат!
И тогаш стара мајка
соза пушти
која езеро се
стори
за пет синови
свои.
Кошница сега
трошки е полна.
бара промена нова.
На сцена туѓи
стапки оставија трага.
завесата се
спушти пред земја една.
Соња Таировска Ѓурчак
18. 11. 2015 Улм.
Nema komentara:
Objavi komentar