subota, 21. studenoga 2015.

ЗАКОНОТ НА ЖИВОТОТ

ЗАКОНОТ НА ЖИВОТОТ

Како млад музичар,
со духовна ферквенција,
засаде ноти по златните звезди.
Ги отвори сите врати а,
зборовите останаа нанижани на крст.
Немирот ја помрачи светлината
низ темнината одекнува фенерот
пред правецот на вистината.
Никнува родот, од благородните мисли,
жива желба од животот.
Од прегратките на градината
се разнесоа цветовите,
од последниот трендафил
кој потрчаа кон златните звезди
и се приковаа во просторот.
Во законот на животот.

Соња Таировска Ѓурчак

21. 11. 2015 Улм 

Nema komentara:

Objavi komentar