nedjelja, 22. studenoga 2015.

ПОД ШАМИЈАТА

ПОД  ШАМИЈАТА

Се реди радос,тага и милост
кој ја мери тежината на животот.
Во мигот на тишината,
одекнуваат, скриени зборови
под шамијата, на една старица.
Која веќе одамна замина.
Утрото се разбуди, и
раскажува за сонот и за
цветната шамија
која плива во езерото.
А зборовите, подаваа рака
кон сонцето молеа за спас.
Како се мери животот
остана неодговорено прашање.
Под шамијата на животот.

Соња Таировска Ѓурчак
22. 11. 2015 Улм


Nema komentara:

Objavi komentar