subota, 14. studenoga 2015.

ЗБОРОВИ КОЈ ПАТУВААТ

ЗБОРОВИ КОЈ ПАТУВААТ

Се топат, како првите снегулки
што паѓаат на земја.
А потоа се изливаат низ усните
кој жедно ги чекаат,
од јатото на птиците,
кои се во летот на селидбата.
Будноста ја чува топлината на зборот
ја постила по  патот на тишината.
Во шепот ја листа со насмевка ја чува
во градите на небото.
Секое ново раѓање поново се учи
молкот на времето престанува
а,утре пак ќе се повторуваат
зоровите кој патуваат .
Ќе сменат боја,ке издлабнат брчки
капки ќе се слеат по лицето на животот.
Во мислата ке се повторуваат
зборовите како молитвата
која е веќе научена.

Соња Таировска Ѓурчак

14. 11. 2015 Улм 

Nema komentara:

Objavi komentar