Соња
Таировска Ѓурчак,Улм
Германија.
ТЕ САКАМ МАКЕДОНИЈО
Те
гледам,затоа што те гледам со срцето,а
срцето ја гледа само љубовта.Нема
далечина подалеку од срцето тоа е
вистинската искрена љубов мила
Македонијо.Гледам во времето, гледам
во срцето, видение кое нема граница и
далечина.Додека пред многу далечни
години одеа на печалба,аџилак,денес
сме пратеници да ја шириме вистината
да ја сочуваме вредноста да ги закрилиме
бисерите на ѓердан нанижани со кирилицата,а
килим, вез извезан со буквите наши
Македонски. Те сакам и во срце те
носам,моето детство го хранеше твојата
родна почва,јазикот кој го научив да го
зборувам како дете е македонски го
помнам и не го заборавам.Во историјата
останаа запишани културата и литературата
а во срцето мое љубовта твоја те сакам
Македонијо.Тифките ветрови ја понесоа
мелодијата ја понесоа и раширија во
длабочините на светот.Секој твој сончев
зрак е македонска гордост.Твојата почва
раѓа живот,живот на вистинска вечна
љубов.Охридското езеро солза радосница
македонска која пои пои нов живот.Од
далечини те гледам,твоето прво богатство
е љубовта а светлината го осветлува
времето и просторот те гледам и те
сакам.Остана само една вистина вечна
запишана
во
Солза и Љубов
„Љубов
само со љубов се мери и со ништо не може
да се смени“
Таква
земја само една има
Само
една вистина света
Никој
нема кантар да ја мери
Ниту
име да Ти
смени.
Те сакам Македонијо!
Nema komentara:
Objavi komentar