Учењето / знаењето не е да го победиш светот нити пак друштвото ,знаењето е да го победиш незнаењето.С.Т.Ѓ.
ponedjeljak, 11. svibnja 2026.
nedjelja, 10. svibnja 2026.
КОГА ПАК ИМЕТО СВОЕ ЌЕ ГО ВРАТИШ
КОГА ПАК ИМЕТО СВОЕ ЌЕ ГО ВРАТИШ
Кога пак името твое ќе се врати,
лисјата на дабовите ќе разлистаат,
а, птиците нови гнезда ќе
свијат.
Децата
родени под сонцето,
во сончевите зраци, и живата љубов
што свети до небото на вечноста
и во жилите на благородните,
стрпливо чекаат и свето молат.
А Европа, како нем сведок, гледа
во неправдите што секојдневно ријат.
Но молкот нивен тежи
како камен
врз раните
што сè уште болно крварат.
А тие неми подвизи
од далеку
се препознаваат и под превезот ја
разгоруваат
болката на еден народ.
Но името свое пак ќе го вратиш
никој не може да го избрише.
Ти не си земја родена за маки
Ти си живиот извор на животот.
Никогаш коренот
на стеблото не умира
кога народот силно и свето памети.
Соња Таировска
Ѓурчак
10.05 2026
petak, 8. svibnja 2026.
ЈОШ ЧУЈЕМ ВРЕМЕ
ЈОШ ЧУЈЕМ ВРЕМЕ
У тишини ноќи док
звезде горе без гласа
још чујем време,а
душа дише,
са осмех твои
тихи и загрљај благ.
У сваку песму
твоје име пишем
чујем те тихо у
дубини дане
љубав не бледи ни
кад стане.
Светлост ме буди
а тебе нема
пожелим да мост
буде мој сан.
ти у тишини из
будног сна.
Твоје име
иѕговарам наглас
у сваку ријеч чујем
твој глас
пишем и тишини
без имена и без глас.
У речима које
ќуте
Тишина која
пролази кроз мене
Наша љубав остаје
звезда која сије без глас
Соња Таировска
Ѓурчак
08.05 2026 Улм
srijeda, 29. travnja 2026.
ДА ГО ВРАТАМ ВРЕМЕТО
ДА ГО ВРАТАМ ВРЕМЕТО
Сакам да го вратам времето,
време кое замина и не се враќа.
Ги прелистувам книгите,
книгите покриени со прашина,
а сè уште мирисаат на она време
од кое доаѓам и постојам.
Го следам времето и се наоѓам
во војната што ја водам сама со себе.
Го сеам семето
што ќе никне во некое друго време.
И кога ќе се вратат сите птици
што одлетаа и заминаа
низ просторот на животот.
Сакам да го вратам времето
на мојот народ, расеан
по должината и ширината на светот.
А земјата, посеана со зрното на љубовта,
нè чека и се радува на секое зрно
што никнува и носи нова радост.
Соња Таировска Ѓурчак
21.03. 2026 Улм
utorak, 3. ožujka 2026.
Мк
Ена сема посадена денес,
не никнува утре во стебло со плодови,
се си има свое време.
Така е се во животот.
Радоста е дар од
Бога, не е натпревар.
ни пак
привилегија по тетка или чичко.
Таа е светлина што Госпот ни ја дари
за да ја препознаеме кога ќе ја видим во друг,
Во нас радост да
се роди да се радуваме
без завис во
душата.
С.Т.Ѓ.
utorak, 17. veljače 2026.
DE MK
„Der Weg entsteht, weil du gehst.
Die Kraft entsteht, weil du glaubst.
Und das Leben öffnet sich, weil du den Mut hast, weiterzugehen.“
„Патот се создава
затоа што чекориш.
Силата се раѓа затоа што веруваш.
А животот се отвора затоа што имаш храброст да продолжиш понатаму.“
„Патот се раѓа под
чекорите твои.
Силата никнува од верата во срцето.
А животот ги отвора своите врати
кога имаш храброст да чекориш понатаму.“
„Der Weg wird
unter deinen Schritten geboren.
Die Kraft erwächst aus dem Glauben in deinem Herzen.
Und das Leben öffnet seine Türen,
wenn du den Mut hast, weiterzugehen.“
nedjelja, 15. veljače 2026.
МК афоризми
💗💗💗
Не, самоќата не е секогаш цена што мора да се плати,
понекогаш е простор каде човек се среќава со себе.
Но човекот е создаден и за близина, за разговор,
за разбирање и со убава мисла за почит и
мир ...
💗💗💗
Зборот носи силна порака,
зборот е искра што ја открива
внатрешната вистина.
💗💗💗
Моќен е зборот. Еден збор, ја
открива целата мисла,
гласно се чита и далеку се
слуша.
💖💖💖
Еден збор ја открива мислата; многу зборови ја кријат вистината.
Зборот изговорен гласно се слуша далеку,
но зборот што допира срце , одекнува вечно.
💗💗💗
Внимавај на зборот што го изговараш , во него живее мислата,
во мислата живее срцето, а во
срцето , целиот твој мој наш свет.
💗💗💗
Кога зборуваш
зборувај со љубов од душата да излегува светлината а зборот гласно.
Соња Таировска
Ѓурчак
15.02.2026