Вистината е темел
на се...
Во секое прашање се крие одговор. Често се соочуваме со
прашања и одговори кои се испреплетени со знаење и незнаење, со одговорност и
неодговорност, со дисциплина и недисциплина. Најблискиот и највистинскиот
одговор, сепак, може да се пронајде во духовното верување и во длабоката,
човечка, божја љубов.
Духовноста најчесто се всадува уште на самиот почеток од
животот, како темел на знаењето и како пат кон вистината, која е истовремено и свој сопствен извор.
Колку подлабоко навлегуваме во вистината, толку повеќе стануваме вистински и
искрено насочени кон неа и кон човештвото. Без страв чекориме кон вистината и
кон изворот на животот.
Тој извор,од
животот ни нуди благословена искреност, која се надополнува преку уметноста,
како жива форма на вистината во полето на постоењето.
Постои и голема опасност: отров што тивко труе, за кој не
постои вакцина од науката. Ако не умееме да направиме јасна разлика меѓу
приватноста и човечанството, тогаш не можеме ниту свесно да ги браниме
политичките дејствија, ниту вистинските човечки вредности...
Соња Таировска
Ѓурчак
03.01.2026