ponedjeljak, 5. siječnja 2026.

Вистината е темел на се ...

 

Вистината е темел на се...

Во секое прашање се крие одговор. Често се соочуваме со прашања и одговори кои се испреплетени со знаење и незнаење, со одговорност и неодговорност, со дисциплина и недисциплина. Најблискиот и највистинскиот одговор, сепак, може да се пронајде во духовното верување и во длабоката, човечка, божја љубов.

Духовноста најчесто се всадува уште на самиот почеток од животот, како темел на знаењето и како пат кон вистината,  која е истовремено и свој сопствен извор. Колку подлабоко навлегуваме во вистината, толку повеќе стануваме вистински и искрено насочени кон неа и кон човештвото. Без страв чекориме кон вистината и кон изворот на животот.

Тој извор,од животот ни нуди благословена искреност, која се надополнува преку уметноста, како жива форма на вистината во полето на постоењето.

Постои и голема опасност: отров што тивко труе, за кој не постои вакцина од науката. Ако не умееме да направиме јасна разлика меѓу приватноста и човечанството, тогаш не можеме ниту свесно да ги браниме политичките дејствија, ниту вистинските човечки вредности...

Соња Таировска Ѓурчак

03.01.2026

Nema komentara:

Objavi komentar