ponedjeljak, 22. prosinca 2025.

СПОМЕН ЗА МОИТЕ РОДИТЕЛИ

 

Ова не е само текст, што очекува лајкови...
Ова е спомен
и молитва што дише.

На денешен ден, пред 25 години, мајка ми замина во вечноста.
Овој текст е спомен
, молитва и благодарност за неа – и за моите родители.

На денешен ден, пред дваесет и пет години, мајка ми замина.
Сеќавањата се толку живи, како да беше вчера.
Загубата е болна, раната од тагата сè уште е отворена
и плаче како мало дете,
молејќи се кон Бога за светлина
што вечно свети во моите детски очи.


СПОМЕН ЗА МОИТЕ РОДИТЕЛИ 

Те сакам, мајко моја.
Ве сакам, родители мои,
кои одамна заминавте во Царството Небесно.
Овде ги оставивте спомените –
во кандилото на животот,
кое вечно гори во душата моја детска

по топлината и љубовта
што несебично ни ја дадовте на сите нас.

Пред небесната светлина денес пак клечам и молам.
Молам и благодарам
за сета ваша љубов,
за сè што ни подаривте
и ни оставивте како аманет.
Со почит, топло и гордо
го носам и го предавам понатаму
како факел што вечно ќе свети –
вашите добрини,
мајчината љубов
и вашата родителска љубов.

Вашата љубов засекогаш е запишана
во тефтерот на душата моја.
Со секоја солза
ги наводнувам вашите цветови таму горе,
во небото,
да цветаат од вашето палаво дете.

Сè додека срцето чука во мене,
нема да дозволам да заминете во заборав.
Мртвите не умираат –
тие вечно живеат
во душите на незаборавот.

Со почит и молитва света бескрајна благодарнос.

Соња Таировска Ѓурчак

22,12 ,2025

Nema komentara:

Objavi komentar