petak, 19. listopada 2018.

ЕДНА СТАРИЦА

ЕДНА СТАРИЦА

Минува по лицето на земјата
по улиците на очите
буди сеќавања
дарува надеж,
тагува и крие ,
за сонот кои уште спие.
По улиците потекоја солзи,
прегратките останаа празни,
една старица ја мина земјата,
во шамијата остави љубов.

Соња Таировска Ѓурчак
17. 10. 2017 Улм

СЕГА СУМ ДОМА

СЕГА СУМ ДОМА    Во Скопје и , Во книгата бр: 9

Светот е убав,светот е многу убав,мојата родина, мојата Татковина најубава од цел свет.Сега,да се биди тука,да се осети топлината да се види светлинатса да се допр вистината ,понос и гордост е од љубовта.
Сега сум дома !
Да се пишува да се твори и род да се стори,значи да се сака,да се сака треба да се моли молитвата е светлината на љубовта.
Преку љубовта се искажува желбата желбата на животот.
И во туѓината се сака Татковината.
Туѓинец сум во туѓа земја! А ги следам изворите на рајот од мојата Татковина.
Скитник, странец со полна надеж, за  мојата земја.
Не, несеплашам од далечината
Некој,некој  ми ја кради вистината.
Се плашам од темнимнината на времето.
А јас сум уште странец.
Сега сум дома.
И сега во овој час, ги изговара зборовите мојата душа,ТЕ САКАМ МАКЕДОНИЈО,ТИ БЛАГОДАРАМ ТАТКОВИНО.
На оваа прекрасна манифестација го слушам внатрешното шепотење и жуборот на моето срце,го следам изворот на љубовта од мојата родина.Во туѓина молам и   постам, долгиот пост ја преставува мојата далечина.Далеку е мојата Татковина .А сепак многу блиску,толку блиску се раѓа со  зората,а утрото ја носи пак љубовта која ме милува и гали а тоа е мојата родина мојата МАКЕДОНИЈА. Ви благодарам на сите присутни,што и дадовте богаство на оваа преубава промоција на овие творештва кој оставаат белег во литературата во културата,остаават толина запис во корените на Македонската почва.Каде да бидиш,со кого да бидиш само прав човек биди ,биди пратеник Македонски  чувааја и сајака утробата МАКЕДОНСКА,понесете радост понесете љубов,секаде во светот од Македонија.ВИ БЛАГОДАРАМ

КОГА ЗЕМЈАТА ГОСПОД ЈА СОЗДАДЕ

КОГА ЗЕМЈАТА ГОСПОД ЈА СОЗДАДЕ                 Во книгата бр:9


Кога земјата господ ја создаде
нанижа гердан бисери со зборови,
ја благослови, земјата Македонија
и нејзиниот народ македонски.
Вечни и благословени од бога сте
македонци,
заслужно, ова парче земја ви ја доделувам
овде шумат шумите,
овде извира водата на животот
овде расти разумот,
овде е запишано светото писмо,
со златни букви е испишана вечната љубов
за светата книга и оваа земја смрт нема.


Соња Таировска Ѓурчак
03. 06. 2018 Улм

Струшките вечери на поезијата од 22 /27. 08. 2018 Струга

https://scontent-frx5-1.xx.fbcdn.net/v/t1.0-9/40535931_2168107180071108_6434444029743595520_n.jpg?_nc_cat=109&oh=17532fe7d5cb9eb0a88de8a7897d8762&oe=5C4EBDAD

subota, 13. listopada 2018.

МК...хххх



💗💗💗

Многу риби се жедни
во океанот на животот...

💗💗💗

Секоја риба на суво умира...


💗💗💗

Ширината е широка во недоглед
во денот на радоста...

💗💗💗

Височината е висока,
далечината е далеку,
ширината е широка,
а украс на благородната душа е мирот.

četvrtak, 11. listopada 2018.

МК ....хххх


 💗💗💗


Мал број од птици 
несат во туѓо гнездо....
а голем број се птици 
грабливици....

💗💗💗


Не се тагува по скршеното бардаче,
ни бардачето се лепи,
ни водата се собира.

💗💗💗


Секоја река која течи 
е чиста и бистра.

💗💗💗

ponedjeljak, 1. listopada 2018.

ДЕНОТ МИРИСА НА ЕСЕН

ДЕНОТ МИРИСА НА ЕСЕН                                 Во книгата бр:9


Денес,
денот мириса на есен,...
Зората се буди од перница на ноќна,
тишина во повојот,
кој радост чека
во кал, крцкаат калдрми твои
а во очите реките матни.
Јунаци лежат, коски оставија
под камен твој
во тебе мир бараат.
Родино, Татковино
не умирај во очите туѓи.
И денес, денот мириса на есен .


Соња Таиривска Ѓурчак
30. 09. 2018 Улм