nedjelja, 30. kolovoza 2026.

СЕКОЈДНЕВНО СТАНУВАШ СТРАНЕЦ

 

СЕКОЈДНЕВНО СТАНУВАШ СТРАНЕЦ

Кога си отсутен од сопствениот дом,
не, не си само отсутен
туку не си присутен.

Сопствената последна чиста кошула те стега,

а копчињата почнаа да пукаат
пред сопствените очи,
кои гледаат замаглено во домот
што веќе не го препознаваш.

Секојдневно стануваш странец
во сопствената кожа,
која веќе и сама не те собира.

Се распаѓаш пред сопствените очи,
кои гледаат длабоко некаде во туѓината,
трагајќи несвесно по вистината.

Стоиш пред сопствената уметничка слика,
среде соба,
не препознавајќи ги сопствените четири ѕида,
кои силно те повикуваат во денот,
а тебе ти бега гласот
по сопствените вени
и не го ни слушаш.

Најтешко е времето што те испраќа на јабана —
во сопствениот дом
да станеш туѓинец,странец.

Соња Таировска Ѓурчак

30. 08. 2026  Улм

Nema komentara:

Objavi komentar