СМРТТА НЕ Е РАЗДЕЛБА
Болна остана разделбата со мојата мајка.
Твојата смрт остави празна длабочина
пукнатинка која не се пополнува.
Земјата ја покри твојата насмевка,
ја однесе твојата жива молитва
што секојдневно ја издигаше
за твоите деца.
Твоите раце се тресеа,
додека ги читаше писмата од децата,
ги препрочитуваше по неколку пати,
како секој збор да сакаше уште еднаш
да го почувствуваш во својата душа.
Сега, кога те нема, не гледам само празнина.
Ја гледам тишината како сиромаштијата
што остана во
домот наш без тебе.
Портите останаа затворени.
Дворот израсна во полска ливада.
Цветовите венеат без мирисот на денот.
Вене, она што некогаш
беше радост
во родителската стара камена куќа.
Домот се сруши во тишина.
како низ него да поминала војната
и оставила пустош во домот наш после твојата смрт.
Твојата смртта
ги замрзна вените во мојата душата.
Ми замина,
мајко...не ми ја отвораш вратата
Со твоите вредни
раце со онаа топла насмевка
И прегратка што
ме чекаше дома.
Не верувам дека те нема.гласно те довикувам
и те чуствувам
тука покрај мене,
ако е овој
разговор само на парче бела хартија.
Овде и сега и сеуште те барам,ти зборувам и ти
пишувам
Она што неможам
на никого да го кажам.
Мајчината љубов
не умира
ни мајчината насмевката
да ја покрии земјата.
Таа останува во срцето, пред прагот на домот
И во живата молитва што ја изговара секојдневно мојата душа.
Твојата љубов остана вечна во храмот на мојата душа.
Верувам, мајчината
смрт не е наша разделба.
Соња Таировска
Ѓурчак
21.08.2026 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar