ВО ХРАМОТ НА МОЈАТА ДУША
Додека се приближува времето
што ме потсетува, не, туку ме повикува,
времето кое е пат по кој и денес чекорм
со молитва и богочовечка љубов.
Јас не сму родена да
заборавам,
туку за љубов што памети,
за молитва што вечно дише.
Верувам во
живото Писмо,во Словото Исусово
што не е запишано само на хартија,
туку врежано во темелите на светиот
дух
дух благословен од Бога,во мојата
душа.
Не го заменувам тој
благослов
со ѕидови од камен и домови што
стареат.
Најголемиот дом мој дом
е тивката длабочина на душата,
најскапоценото засолниште
во овој минлив мој/ наш живот.
Не дозволувам каменолом
да го срушу темелот во мојата душа,
домот што ми го изграде и подари Учителот.
Исус не ја предаде душата на смртта,
туку ја остави во мене / нас жива,
со молитва света и семе на љубовта,
Од тоа семе цвета, цвет,
цвет, што вечно цвета во богочовечката душа.
Ја слушам пораката што ми ја остави,
да ја учиме во тишината
и да продолжам по Неговиот
пат
пат што води во градината
на вечниот животот.
Се радувам
на земјата во која никнува цветот
што дарува мирис во храмот на мојата
душа.
Соња Таировска
Ѓурчак
06.01. 2026 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar