subota, 16. listopada 2021.

МОЕТО СЕЛО ИЗВОР за книга бр 11

 

Денес кога сеќавањето гласно ми зборува на цел глас,сакам оваа најава да ја поделам со сите вас,деството мина како трен а живите сеќавања останаа.И денес ги гледам моите родители неуморно стануваа во раните утрински часови брзаќи да ги завршат сите потребни домашни работи па да можат да заминат на државната работа,која исто така ја почитуваа и ја ценеа како лебот што го ценеја и во голема љубов према нас децата.Вредни можеби повеќе уморни од колку одморни се движеја и работеја,како што е во селски двор пол со домашни животинциња кој беа во тоа време неопходни за во една селска куќа полна деца.Во моите очи ги гледав за голем пример и до ден денес се сите спомени живи.Ни дадоја големо неизмерено богаство само тоа што можи да се најди во секој селски двор,зборувам за селото пошто сум во село израсната. Ни оставија дворец од живи спомени,не научија да го почитуваме животот да го почитуваме човечкиот род кој е дел од богаството на животот…

Nema komentara:

Objavi komentar