ponedjeljak, 11. listopada 2021.

ЧУДНА ЗЕМЈА за книга бр 10

 

ЧУДНА ЗЕМЈА

 

Чудна е оваа земја,

со разнесени колички од Алди

кој натоварени преспиваат

зад секој агол,и повторно заминуваат

патуваќи по чудната земја.

 

Негде прочитав:

во оваа чудна земја прите

ги ринеле со лопата,

дури имало недостаток на лопати.

 

Чудна е оваа земја.

богаството лежи по улиците

се рини на лопата а,количките од Алди

се намалуваат секојдневно.

 

Уморни очи, со волнени фризури

погледнуваат во висината на небото

прелистуваќи ги страниците на денот.

Заборавени од родното стебло

и од сопствената насмевка.

 

Соња Таировска Ѓурчак

11. 10. 2021 Улм

 

 

 

Nema komentara:

Objavi komentar