srijeda, 15. rujna 2021.

ОД ДВОРОТ ПРАЗЕН за книга бр 10

 ОД ДВОРОТ ПРАЗЕН

 

Сирената свири од

оџаците на затворените фабрики.

Искршените прозорци,

одекнуваат од страв на сирената.

Стражарот пребледено заминува

пред реченицата која веќе не се ни чита.

Солза по солза испарува по лицето

на српливоста и стравот.

Овде и сега е само еден живот

кој  грам по грам  се мери.

Останува мислата да го чува времето

и еден вкуст од устите празни.

Ткаенината остана приказна на времето.

Некој и некогаш ќе го препознае

крикот на заробеното  време

од дворот празен.

Соња Таировска Ѓурчак

15.09. 2021 Улм Германија


Nema komentara:

Objavi komentar