ponedjeljak, 20. rujna 2021.

МОЛЧАМ за книга бр. 10

 МОЛЧАМ

Молчам пред стиховите на Државата а

пишувам песна за помека постела.

Нечии гласови го проколнуваат дворот

кој е магепсн од гатачката

која секојдневно гата на камениот мост.

Песната остана скриена во џеповите

на бездомниците кој уште молчат

пред сувиот студ,пред гладните усти...

Јас молчам пред моливот на песната

и во стиховите на Татковината.

Молчам пред молитвата на храмот...

Соња Таировска Ѓурчак

20.09.2021 УЛМ.


Nema komentara:

Objavi komentar