ponedjeljak, 13. rujna 2021.

ЗАПРИ ГО ВРЕМЕТО книга бр 10

 

ЗАПРИ ГО ВРЕМЕТО

Запри го времето.

на гневот и омразата пуста

заприги сите лоши мисли

што тутнат како низ гора густа.

Запри го времето.

на љубомората тешка

тага и трага од солза жешка,

пред болка тешка.

Запри го времето.

које време не се мери

темнината која е слепа

и птицата која во неа слепо лета.

Запри го времето

во ноќта ладна

во колевките на децата гладна

пред крвта која се груш,и

убавината на светот ја руши.

Запри го времето.

на сонот лажен

запри го времето

пред моралот лажен.

Запри го времето...

 

Соња Таировска Ѓурчак

13.09.2021 Улм Германија

 

 

Nema komentara:

Objavi komentar