petak, 3. rujna 2021.

ОТВОРЕНО НЕБО за книга бр. 10

 

ОТВОРЕНО НЕБО

Бездомниците спајат под отворено небо,

во џеповите  кријат студ и глад.

Исптатија писмо до Министерството

за расуди на човековите права,

Пишуваат;

Војната беснее во срцето

и во учебникот по историја,

а, земјата станува се помала и помала.

Во каменото време и сувата суша

не расти повеќе памук.

Градоначалникот на централната земја

најави криза.

Останатиот чиновнички кадар

се крие во широките ходници

измеѓу старите дрвени шифунери

полни со дукоменти во кој расти прашината

а изчеснува земјата на прадедовците.

Умот тежи,

душата останува за секогаш празна.

Улиците плачат за една изгубена територија

за една земја која одамна ја нема.

Ја препишаа и потпишаа

следеќи го  патот на празните гробишта.

Ги затворија очите,чекаќи помеко време

подобро време на смрзнати плодиви.

Стиховите се разминуваат, без одговор

каде и кога ќе се применува вистината

за бездомниците да имаат сопствен дом

а, народите почит кон отвореното небо.

Соња Таировска Ѓурчак

03.09.2021 Улм

 

Nema komentara:

Objavi komentar