subota, 27. ožujka 2021.

УЛИЦАТА НА ЖИВОТОТ

 

УЛИЦАТА НА ЖИВОТОТ                                                   Книга бр 9


Гласот на радиото,

радио Софија, објавува

во утринската програма,

секојдневни содржини

точно во четири саатот изутрина.

Ме буди и гласот на петелот

кој ја најавува зората,

ме повикува улицата на животот.

Ја слушам програмата

гласот на радиото,

додека макјами го приготвува

утринското кафе

пред заминување на работа.

Програмата продолжува.

Денот е буден,

нашето куче Џими,

нема потреба на утринска шетња

живееш во слобода

каде го претрчуваше кој знае по кој пат дворот,

кој му беше по цел ден на располагање,

во дворецот на живата приказна.

Во годините нанижани

по улицата на животот

живеев во слобода како и кучето Џими,

сега стојам пред учебникот

по странски јазици,

гласот на радиото се двои

измеѓу познати и непознати,

објавени и необјавени содржини.

Се одминувам и останувам

странец во сопствената душа,

на истиот шалтер го продолжувам пасошот,

болката ја оставам кај домашниот лекар

кој живее на истата улица

во другиот влез на зградата.

За нова рецепта орденацијата на мојот лекар

е затворена,работно време Петок до 18 часот.

Со живиот збор

го преминувам граничниот премин

патуваќи по улицата на животот.

Се е поинаку

кога ја слушам утринската програма,

на радио Скопје.


Соња Таировска Ѓурчак

27.03. 2021 Улм



Nema komentara:

Objavi komentar