И ПАК ВО ОВОЈ ДЕН Велес книга бр,22 И во книгата бр. 9.
ја прегрнувам
твојата душа
која ми бега
пред времето
које се крие зад
аголот на денот.
Неможам да ги
запрам сите олуи
немжам да ги
соберам реките
ни брчките да
ги избројам кај една жена
која остави
трага од љубов
на вљубениот
живот,за своите чеда.
Те довикувам,сакам
да те видам
со твојата
насмевка како секогаш
горда и среќна
гледаќи во небото
испракаше молитва
кон боговите
за мир и радост
за нас сите,сите.
И ова утро ми е
полно надеж
знам дека постоиш
и ја чуствувам
твојата
присутност,која не е ни
еден момент
одвоена од прегратката моја.
Во дворот каде
се шета твојата душа
се вика секогаш
пролет.
Соња Таировска Ѓурчак
03.03. 2021 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar