ДВЕ ПЕСНИ Велес книга бр,22 / Конкурс на Блаже Конески.Скопје
и во книгата бр 9.
Две песни пишувам и праќам,
таму,каде зората
памети,
каде ветровите
застануваат
каде се собираат
сите песни.
таму, во тоа живо
поле на поезијата
Таму каде се препознаваат во себе
а времето патува
и го бележи часот.
Татковината
остана запишана
во учебникот по
историја.
Заборавени тежат висаќите во плевната
а глувците грам
по грам ги глодаат коските
испарува тежината
на висаќите.
По полето се разлева суша
буквите најавуваат
војна без договор.
Војна за
татковината која веќе одамна ја...
песната и писмото
потпишуваат нов договор.
И после оваа војна пак ќе се делат стиховите во стихови
лесно да се
пишува, неможи веќе и не вели никој
каде и кога ќе
ги закопаме умрените
за да им биди лесна земјата да не им тежи на душата.
Втората песна ја испратам
во утринското
парче леб
како утринска
молитва да се чита
пред началникот
од твојот град
песната се чита
и во студот на времето.
А во пролет цутат
пак сите цветови,
утре денот
продолжува без рок на траење.
Соња Таировска Ѓурчак
02.03. 2021 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar