nedjelja, 14. ožujka 2021.

КАКО ИЗГУБЕНА ПРАШИНКА

 

КАКО ИЗГУБЕНА ПРАШИНКА                    во книгата бр 9 


Проштевајте, сите мои

блиски и далечни роди,
проштевајте...
Небото и земјата
си даваат рака и се молат,
низ молитва бараат прочка.
Се што е измеѓу небото и земјата
се прегрнуваат и си проштеваат,...
Јас ја довикувам мајчината душа,
татковата душа, клиечам и молам ги
молал за прочка.
Како изгубена прашинка
измеѓу небото и земјата
се вртам и ве барам
до крај на денот ,
а денот ни е сега невидлива далечина.
Ја прегрнувам вашата далечина
и вашата богата родителска љубов
која остави овде и тука жив живот
кој живее и расти како цветна пролет.
Проштевајте,сите мои
блиски и далечни роди
проштевајте...


Соња Таировска Ѓурчак

13.03. 2021 Улм



Nema komentara:

Objavi komentar