nedjelja, 27. listopada 2019.

ПТИЦИТЕ ИЗЛЕТАА

ПТИЦИТЕ ИЗЛЕТАА                                                    Во СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ


Во далечината трчам,
а мислите се цедат
и се суши пота од лицето на денот.
Птиците излетаа,
а напуштените гнездата
се топат како првите снегулки.
Свенаа цветовите,со брзината на здивот
и со ветерот кој дува од север.
Книгата остана отворена,...
Еден ден,
не знам,
кога птиците преселници во пролет
поново ќе се вратат...


Соња Таировска Ѓурчак
27. 10. 2019 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar