petak, 18. listopada 2019.

СТЕБЛОТО НА ЕВРОПА

СТЕБЛОТО НА ЕВРОПА                                    Во книгата СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ

Расти,
се кити со звездите кој се раѓаат
во сите бои на младоста.
Јас палам свеќа, пред паднатите
есенски жолти лисја.
По лицето на стеблото
се прелистуваат бели страници,
од азиланти,кој чекаат на виза.
Службеникот стави печат на
семејното стебло.
Предците се дигнаа
во потрага на изгубената
млада месечина.
Стеблото некаде расти,
некаде се гуши посакуваќи
свеж воздух.
Под лисјата се крие
воздишките од предтците,
кој поминуваат на безграничен премин.
Туѓина повеке не постои,
ја заменивме за Бугарски Пасош,
туристичка виза и азил...
Вечно тагува домот кој остана празен,
во една окејанска далечина.
А јас палам свеќа пред паднатите
есенски жолти лисја.


Соња Таировска Ѓурчак
18. 10. 2019 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar