БУДНИОТ ЧАСОВНИК Во СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ
Ги раздиплувам и ги
редам
ткаените килими,
везените чаршави,
плетените чорапи,
везените шамии
со црвено жолти цветови,
кој ги собираше мајками
во чеизот на мојата
руба.
Буден е, часовникот на
мојот јазик.
Раздиплувам бела
хартија,
во последниот лист
испишана молитва со
ракописот од мојата
мајка.
Го раздиплувам чеизот
на мојот јазик.
Насекаде мирис на темјан.
Ја читам молитвата,
и стојам на граничниот
премин.
Буква по буква,
како млада невеста
го понесов чеизот на
мојот јазик
во печалбарската земја,и
во будниот часовник.
Соња Таировска Ѓурчак
21. 10. 2019 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar