subota, 3. kolovoza 2019.

ЗЕМЈАТА ТЕЖИ

ЗЕМЈАТА ТЕЖИ                                               Во книгата СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ

Заминаа, последните патници
пред поројот на летниот дожд.
Јазиците им се мешаат
пред отворените усти
во кој веќе немаат вкус.
Земјата им тежи,
и последната ткаеница на плешките.
Сонуваат и горат во надеж,
а потоците жуборат
под густата магла.
Во светлината лебди еден пердув
кој се раѓа во хоризонтот.
А страдањата се множат
во колективната меана...

Соња Таировска Ѓурчак
03.08. 2019 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar