utorak, 13. kolovoza 2019.

МАГЛА ОД ЧАД

МАГЛА ОД ЧАД                                                      Во книгата СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ

Се менуваа боите
пред исплетената колиба
како семафор во ноќта.
Магла од чад
ги покриваше буквите
кој ја допишуваа децката приказна
и го мереја времето на смрта.
Дабово стебло, рашири сенка
над земјата
и со раширени раце моли
пред олтарот на небото.
Буквите тивко полетаа
под сјајот на звездите
каде не постои смрт.

Соња Таировска Ѓурчак
13. 08. 2019 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar