četvrtak, 1. kolovoza 2019.

КНИГАТА НА ЖИВОТОТ


КНИГАТА НА ЖИВОТОТ                           Во книгата СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ

Се раѓа,
се раѓа мислата
во утробата на стравот,
патува,
патува по патот со заиграното дете.
Уморено е времето,
обидуваќи се да ја тргни маската
од животот на лицето.
И денес,
на песочната плажа кружат птиците
трагаат по обалата на животот.
Играта продолжува,
сонцето заоѓа
и поново се раѓа
на другата страна на животот.
Книгата на животот останува
секогаш отворена...

Соња Таировска Ѓурчак
01. 08. 2019 Улм




Nema komentara:

Objavi komentar