petak, 30. kolovoza 2019.

ЧУДНИ СЕ СОНИШТАТА

ЧУДНИ СЕ СОНИШТАТА       Во СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ

Орелот, го грабна пленот
го одвои од мајчиното млеко
и од мирисот на постелата
исткаена во шумската тишина.
Чудни се соништата на живиот свет,
кој се и сами плен на животот.
На два брега, боговите пишуваат
и го чекаат утрото
а соништата бегаат пред огнот.
Птиците,
по грмушките прават нови гнезда.
Ноќта го покрива непознатиот град
од каде се слуша музика,
на расеаните насмевки и од стеблото на земјата.
Чудни се соништата
а јас трчам по цветната ливада на поезијата.

Соња Таировска Ѓурчак
30. 08. 2019 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar